Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Давид Бабунски потпиша за Данди Јунајтед

ОФИЦИЈАЛНО: Давид Бабунски потпиша за Данди Јунајтед

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед. Тој доаѓа од Мезоковешд и потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година.

„Длабоко сум благодарен за довербата што клубот ја има во мене. Трпеливо чекав ова да се финализира, и одложував одговор на други понуди во процесот затоа што со нетрпение очекував ваква можност. Доаѓањето во земја каде што фудбалската култура е огромна и стандардот на лигата е висок се дел од работите кои ме привлекоа, и веќе можам да ја почувствувам големината на клубот. Ќе биде голем предизвик за мене – очекувањата за оваа сезона се високи, како што и треба да бидат, и треба да веруваме дека можеме да направиме нешто посебно“, изјави Давид Бабунски за официјалниот сајт на Данди Јунајтед.

Тој ќе ја носи „десетката“ во новиот тим и му се придружува на Кристијан Трапановски.

To top