Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола, постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот.
Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите.
Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.