Селекторот на машката ракометна репрезентација до 18 години, Наум Танески го објави скратениот список на играчи на кои ќе смета за престојното Европско првенство во Црна Гора.
Вкупно 23 ракометари се најдоа на листата на Танески, играчи кои ќе ги започнат подготовките на 18 јули во салата Автокоманда во Скопје.
Шампионатот во Црна Гора се игра од 7 до 18 август, а Македонија е во група со Франција, Германија и Полска.