Кошарка

Трет убедлив пораз на младите кошаркари на ЕП

Трет убедлив пораз на младите кошаркари на ЕП

По поразите од Шпанија и Турција, македонската кошаркарска репрезентација денеска загуби од Белгија со 86-59 на Европското првенство за играчи до 20 години кое се игра во Полска.

Македонските кошаркари очајно го почнаа мечот, во првата четвртина постигнавме само четири поени, во вториот период 14, па на полувремето Белгија имаше водство од 36-18.

Во вториот дел значително ја подобривме ефикасноста, но Белгија повторно беше подобра, конечниот резултат гласеше 86-59.

Симиќ и Бошалески постигнаа по 14 поени, еден помалку од нив имаше Јовановиќ.

Ова беше последен меч од групата, сите три селекции продолжуваат во нокаут фазата, Македонија во осминафиналето ќе игра против Словенија.

To top