Машката ракометна репрезентација на Македонија до 20 години стигна до победа против Полска од 28:26 на стартот од втората фаза во која разигруваме за од 9-тата до 16-тата позиција на ЕП.
Најефикасни во нашата селекција со по четири гола беа Узунчев, Митев и Калајџиоски, по три имаа Субашевски и Карасманкис.
Утре од 12:00 часот македонските млади ракометари ќе играат против Романија, а во последниот натпревар на 18-ти јули не чека дуел со Франција.