Македонија ТППЕ-Штип

Пожарот на планината Серта во штипскиот регион активен

Со една екипа сме упатени кон Неготино. Во комуникација сме со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов околу 12 или 13 часот повторно ќе имаме состанок да видеме дали ќе има гаснење на пожарот во штипскиот дел од воздух. Зафатена е површина од два до три и пол километри, вели Ренџов.

Пожарот на планината Серта во штипскиот регион активен

Пожарот кон штипските села Селце и Драгоево во моментов е активен, но стишен, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов, кој од утринава е на терен на планината Серта во неготинскиот дел.

– Со една екипа сме упатени кон Неготино. Во комуникација сме со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов околу 12 или 13 часот повторно ќе имаме состанок да видеме дали ќе има гаснење на пожарот во штипскиот дел од воздух. Зафатена е површина од два до три и пол километри, вели Ренџов.

Во текот на изминатиот ден во штипскиот дел опожарена е нискостеблеста вегетација, дабова и мал дел на борова шума.

Дописничката на МИА од Штип беше на терен на локалниот пат кој води кон селата Селце и Драгоево, но и кон полигоните Пенуш и Криволак. Како што инфорира, на терен има конвој од припадници на Армијата кои чекаат наредба во кој правец да заминат за да го гаснат пожарот.

Од утринава е пуштен за сообраќај и регионалниот пат Штип-Неготино кој синоќа беше затворен поради пожарот.

За разлика од вчера кога од експресниот пат Штип-Радовиш се гледаше чадот на планината Серта, утринава го немаше, но од неготинска страна се гледа, а воздухот во овој регион мириса на чад.

Најнови вести од Македонија

To top