Засега нема повеќе информации за ова дури ни на мејнс стрим медиумите во САД.
Единствено Фокс њуз објавува дека поранешниот претседател „штотуку почна да ја разгорува толпата кога се слушнаа дури пет истрели и тој слезе, опкружен од агенти на Тајната служба“.
„И тогаш ја презеде функцијата најлошиот претседател во историјата на нашата земја. И погледнете што се случи со нашата земја. Веројатно 20 милиони луѓе [влегоа нелегално]. И, знаете, тоа е малку старо, таа табела… Табелата е стара неколку месеци, а ако сакате навистина да видите нешто толку тажно, погледнете што се случило…“, рече Трамп пред да одекнат пукотници. Додека го водеа, тој пркосно ги крена рацете.
Според последните информации, куршум само го изгребал неговото уво и Трамп не е посериозно повреден, што впрочем се гледа и на фотографијата.