Македонската младинска ракометна репрезентација до 20 години не успеа да се избори за пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Словенија, но сепак, од таму ни доаѓа убава вест.
Македонија и идното лето ќе настапи на голем ракометен собир. Имено, за јули 2025 година е закажано Светското првенство во Полска, на кое учество обезбедија и нашите надежи.
Благодарение на остварениот пласман на овој шампионат, но и на денешната победа на Полска над Украина, нашите ракометни надежи се пласираа на следниот Мундијал.
Имено, на следното СП од Европа право на учество имаат 16 селекции, а самиот факт што Полска е меѓу најдобрите 16 селекција на ова Европско првенство, тоа значи дека сите останати 15 селекции добиваат виза за планетарниот собир идното лето.