Британската полиција денеска уапси 34-годишен маж под сомнение дека е вмешан во смртта на две машки лица, чии делови од телото биле пронајдени во фрлени куфери во југозападниот англиски град Бристол и во западен Лондон.
Осомничениот е уапсен утрово на железничката станица во Бристол.
Жртвите не се официјално идентификувани, но се претпоставува дека и двете се малолетни. Резултатите од обдукцијата се прогласени за „неубедливи“, а во моментов е во тек второто испитување на телата. (МИА)