Македонија

Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион

Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион

Потребно е изградба на зграда од македонска страна и инвестиции од грчка страна за да се овозможи отворање на граничниот премин „Маркова нога“, истакна денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на промоција на можностите од програмата „ЕУ4Преспа“, финансиран од Европската унија и УНДП, која предвидува средства и за оваа намена.

Тој нагласи дека се работи за една многу сериозна инвестиција и дека овој проект претставува уште eден пример за добра меѓугранична соработка.

– Се надевам дека резултатот од оваа инвестиција ќе придонесе за отворање на граничниот премин „Маркова нога“. Немам точен датум кога би се отворил, но самата намера на властите на Република Северна Македонија и Грција, и на Европската комисија која е вклучена во ова преку фондови да може овој граничен премин да проработи ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион, истакна Гир, одговарајќи на новинарско прашање.

Фондовите од Европската унија, како што подвлече, се на располагање.

– Дел од финансиската помош, која ја обезбедува ЕУ во рамките на програмата за меѓугранична соработка се фокусира на отворањето на граничниот премин „Маркова нога“ со цел да се има директен контакт односно директна соработка, додаде Гир.

Отворањето на граничниот премин „Маркова нога“, според градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, има големо значење, пред се поради соработката со грчката погранична општина Лемос.

– Отворањето на овој граничен премин и неговото функционирање има огромно значење за
регионот како за соработката за новој проект така и за наредниот повик кој го работиме со ЕУ,
рече Тозиевски.

Најнови вести од Македонија

To top