Кошарка

Марко Баковиќ потпиша нов договор со МЗТ Скопје Аеродром

Марко Баковиќ потпиша нов договор со МЗТ Скопје Аеродром

Шампионот на Македонија во кошарка МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона успеа да го задржи Марко Баковиќ.

Крилниот центар од Хрватска минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на тимот, еден од најзаслужните за освојувањето на двојната круна во мак-баскетот.

Баковиќ играше одлично и во АБА-2 лигата каде што на 16 натпревари имаше просек од 11,3 поени, со 4,9 скока. Клубот и Баковиќ ја продолжија соработката и за следната сезона.

To top