Фудбал

Карвахал: Секој ден му велам да потпише за Реал

Карвахал: Секој ден му велам да потпише за Реал

Дани Карвахал го пропушти полуфиналето на Европското првенство поради црвен картон, но откако ја одлежа суспензијата и ќе биде дел од големото финале.

Родри важи за еден од најдобрите во светот на својата позиција и секојдневно добива и интересен предлог од Карвахал.

– Секој ден му велам да го напушти Манчестер и да потпише за Реал. Му велам да си замине од Манчестер, таму нема сонце. Покрај тоа, тој е играч каков што немаме во Реал, мислам дека ќе ни биде потребен таков фудбалер. Родри е роден во Мадрид и би било добро да заигра за Реал. Тој постојано ме избегнува кога му го кажувам тоа, но според мене, тој би бил идеално засилување за Реал. Шпанец кој би играл за Реал, тоа би било идеална комбинација, – заклучува Дани.

To top