Од 13. до 21. јули во Гдиња, на едно место ќе се соберат најдобрите млади кошаркари во Европа, во обид да дојдат до што подобар пласман на она што се нарекува Европско првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари под 20 години.
Првенство на кое стигнавме до големото финале во кое како подобра се покажа селекцијата на Чешка. И на кое основната цел, која ја презентира селекторот Боро Смилковски е да се задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.
„Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа“ порачува Смилковски пред почетокот на шампионатот.