Францускиот весник „Л’Екип“ пишува дека по елиминацијата на Франција од ЕП највеќе го разочара фудбалерот Кингли Коман, кој реши да се повлече од репрезентацијата на Франција и во иднина повеќе да не го носи дресот на „триколорите“.
Коман досега настапи на 57 меча за Франција, а постигна осум голови, меѓутоа на 28-годишна возраст би можел да го напушти националниот тим.