Фудбал

Саудгејт: Покажавме карактер и по трет пат се вративме од негатива

Саудгејт: Покажавме карактер и по трет пат се вративме од негатива

Англија со нов пресврт на ЕП и в онедела ќе се сретне со Шпанија во Берлин, во натпреварот за европската титула на шампионатот во Германија.

Англискиот селектор, Герет Саутгејт изјави по мечот дека неговиот тим повторно покажа карактер,:

„Покажавме карактер и третпат се враќаме од негативен резултат и победуваме. Мислам дека вечерва не заслуживме да примиме гол во првиот дел. Игравме многу добро со топка и не паметам кога англиска репрезентација имала 60% посед на топка против холандска селекција.

Би го издвоил начинот на кој Воткинс влезе во натпреварот. Тоа што денес го покажа, го покажува на секој тренинг. Сака играше феноменално без топка, Миано беше феноменален… Ја прифатив оваа работа само за да ја вратиме Англија на врвот и веќе 7-8 години сме во самиот врв и многу блиску до трофејот. Сега ни следи најдобрата репрезентација на турнирот, шпанската, и тоа со еден ден помалку одмор и можност за подготовка за финалето“.

To top