Селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте по победата над Франција и пласманот во финалето на Европското првенство не штедеше пофалби за Ламин Јамал, кој за неколку дена ќе наполни 17 години.
„Видовме генијалец! Вистински гениј. Мораме да се грижиме за него, да продолжиме да работиме и да му ги држиме нозете на земја.Имаме голема среќа што е Шпанец и што ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Имаме тим со многу сегашност, но повеќе иднина“, рече Де ла Фуенте.