Војдан и Дамјан Стојановски и следната сезона ќе бидат дел од македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со кој во претходните две години дојдоа до двојни круни на домашната сцена.
За капитенот Дамјан ова ќе биде 11. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула, сите освоени со нашиот МЗТ.
За Војдан, пак, е третата сезона како член на „сино-белите“ од Аеродром, откако првпат се приклучи на МЗТ на почетокот од 2022 година.