Ракометна Македонија во следната сезона ќе има пет свои претставници на меѓународна сцена, откако право на учество во ЕХФ Купот доби и Тиквеш.
Тиквеш во ЕХФ Купот ќе стартува од првото елиминационо коло. Во новата сезона Македонија ќе ја претставуваат Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Вардар во Европската лига, додека покрај Тиквеш во ЕХФ Купот ќе учествуваат и скопски Алкалоид и Охрид.