Фудбал

Рабио: Очекуваме многу повеќе од него

Рабио: Очекуваме многу повеќе од него

Во Франција покрај Килијан Мбапе кој е далеку од посакуваната форма, како проблем се покажаа и неочекувано бледите изданија на Антоан Гризман. Фудбалерот на Атлетико Мадрид секогаш е меѓу најдобрите кога настапува за националниот тим, но на овој шампионат не е така и сега беше директно прозван од Адриен Рабио.

– Сите сме изненадени од нивото на Гризман. Сите знаеме какви квалитети поседува и што правеше за нас на последниот мундијал. Таму беше еден од најдобрите во тимот. Не знаеме да објасниме што се случува, можеби не е физички на највисоко ниво. Очекуваме многу повеќе од Антоан, бидејќи знаеме декае може повеќе. Можеме да победиме и без него, имаме силен тим, но дефинитивно ќе ни биде полесно ако се појави вистинскиот Гризман, – изјави Рабио.

To top