Хроника

Патот Прилеп – Битола затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа

Патот Прилеп – Битола затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа

Сообраќајна несреќа која попладнево се случи на излез од Прилеп го блокира сообраќајот на делницата Прилеп – Битола.

Несреќата е пријавена во 15 часот и 48 минути во близина на ѓубриштето информира АМСМ.

На местото на несреќата е увидна екипа и полиција и сообраќајот во моментов се пренасочува по стариот пат.

Засега нема информации за повредени лица.

Не се знае ниту до кога патот Прилеп – Битола ќе остане блокиран и недостапен за сообраќај.

To top