Фудбал

Олмо: Франција не е само Мбапе

Олмо: Франција не е само Мбапе

Репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо, пред утрешниот меч со селекцијата на Франција во последниот елиминациски филтер на Европското првенство изјави дека противникот има врвен квалитет на сите позиции.

– Франција очекувано стигна до тука. Нивните индивидуални технички вештини треба да се земат в предвид. Ние имаме добра динамика – потенцираше Олмо.

– Мбапе е играчот кој ја прави разликата и мораме да бидеме внимателни. Сепак тука се и Дембеле, Гризман, Канте, треба да се обрне внимание на сите напаѓачи – нагласи играчот на Шпанија.

To top