Франческо Бањаја победи во крајно возбудлива трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Германија.
Актуелниот шампион победи откако на два круга пред крајот, до тогаш водечкиот, Хорхе Мартин од Прамак Дукати загуби контрола и излета од патеката.
Бањаја дојде до четвртата едноподруго победа, вкупно шеста сезонава и го презеде првото место во шампионатот од Мартин, бидејќи сега има 222 бода, 10 повеќе од големиот ривал.
Второто место на денешната трка во Сахсенринг го освои Марк Маркез, а трет беше неговиот помлад брат Алекс Маркез. Четврти заврши Бастијанини, пред Франко Морбидели и Михел Оливеира.