Ракомет

Ракометните јуниори вторпат подобри од Словачка

Ракометните јуниори вторпат подобри од Словачка

Машката јуниорската ракометна репрезентација на Македонија оствари и втора победа во контролите со Словачка. Јуниорите денеска одиграа уште еден контролен натпревар со Словачка, која ја добија со 30-25.

Избраниците на Раде Стојановиќ на 10 јули го почнуваат настапот на најсилниот европски шампионат во возрасната категорија. Нашата репрезентација е во групата „А“ заедно со репрезентациите на Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Во следната фаза сигурно оди победникот од групата, а второпласираниот тим ќе биде во конкуренција со второпласираните од групите Б и Ц, за уште едно место во Главната рунда

Поврзани теми

To top