Македонската кадетска машка одбојкарска репрезентација оствари една победа и претрпе два порази на Балканијадата во Тирана со што заврши на третото место во конечното рангирање.
Избраниците на селекторот Ванче Санев (одбојкари родени 2007 и помлади) на почетокот на турнирот во Тирана ја совладаа домашната репрезентација на Албанија со 3:1, а потоа загубија во три сета од Србија и од Црна Гора.
На тој начин, Македонија беше бронзена во конкуренција на четири национални тимови, пред Албанија, а зад освојувачот Србија и второпласираната Црна Гора.