– Г.В. се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на битолското село Цапари, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во село Долно Српци, Битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.
-По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.