Фудбал

Мерино: На овој натпревар покажавме колку сме добри

Мерино: На овој натпревар покажавме колку сме добри

Микел Мерино се претвори во јунак и во 120. минута го постигна победоносниот гол за шпанската репрезентација во четвртфиналето против Германија.

Мерино изјави дека неговата репрезентација покажала колку е добра со вечерашната победа по продолженија. Шпанија поведе во 52. минута со голот на Дани Олмо, а Флоријан Вирц израмни во 89. минута и го одведе натпреварот во продолженијата. Победата за Шпанија ја донесе Микел Мерино со глава на додавање на Дани Олмо.

„Очекувавме ваква борба, бидејќи игравме против една од најдобрите селекции во светот. Ова лесно можеше да биде финале, а играта потсети на финале. Ова беше натпревар на елитни селекции, а ние покажавме дека имаме одличен тим“; изјави Мерино по натпреварот во Штутгарт.

To top