Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС, како до сега, и по Заев, Заев

Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики. Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со Ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор емаил контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен. Филипче е најдобрата маска на Заев. Исти луѓе исти вредности, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако мисли дека Филипче дека ќе се спаси, и кога ќе одговара за криминалите ќе вика дека е политички реваншизам овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност. Одговорност ќе има, порачаа од владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top