Долгогодишното искуство во Министерството за внатрешни работи го позиционира Александар Јанев за нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Како што неофицијално дознава Курир, Јанев официјално се очекува да биде назначен на функцијата на денешната прва владина седница.
Јанев има долгогодишно искуство на раководни позиции во МВР, а бил и началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.