Италијанецот е масовно напаѓан во турските медиуми затоа што ја изостави младата ѕвезда и медиумски миленик Арда Ѓулер од стартниот тим во поразот од Португалија со 3-0 .
Критиките станаа толку тешки што се вклучи дури и претседателот на Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ). Мехмет Бујукеши застана во одбрана на 50-годишниот Монтела со изјава дека Федерацијата има целосна доверба во него.
„Темите како што се формацијата, физичката кондиција и тактиката на играта ги одредува тренерскиот тим. Соработката меѓу тренерите и играчите е хармонична. Репрезентацијата не треба да се искористува за лични интереси. Сите репрезентативци се вредни“, изјавил првиот човек на турската федерација во обид да ги амортизира нападите кон Монтела.