Ракомет

Еурофарм Пелистер сместен во третиот шешир пред жрепката за ЛШ

Еурофарм Пелистер сместен во третиот шешир пред жрепката за ЛШ

Пред жрепката за групите за првиот дел од натпреварувањето во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ ги одреди квалитативните шешири.

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е дел од третиот сад каде се наоѓаат уште Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колштад.

Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ се сместени во првиот сад и имаат статус на носители додека во третиот се Берлин, Кјелце, Пик Сегед, Нант и Фредериција.

Жрепката за фазата по групи во Лигата на шампионите ќе се одржи в петок во Виена и почнува во 17 часот и 30 минути.

To top