Света Аквилина се роди во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на свои 10 години таа беше силно утврдена во христијанската вера. Во тоа време започна Диоклецијановиот прогон.
Некој ја пријави Аквилина, која тогаш имаше 12 години, на царскиот намесник Волусијан. Волусијан се трудеше да ја одврати Аквилина од Христос, а кога не успеа со зборови, ја стави на маки.
После долги и повторувани измачувања св. Аквилина го предаде духот на Бога. Ова сведоштво се случи во 293 година.