Останати спортови

Ѓорческа против Американката Викери во првото коло од квалификациите на Вимблдон

Ѓорческа против Американката Викери во првото коло од квалификациите на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го игра мечот во првото коло од квалификациите на Вимблдон, како противничка ќе ја има Саша Викери од САД.

Најдобрата македонска тенисерка ќе ги одмери силите со Саша Викери во првото коло од квалификациите на Вибллдон.

Американката е 29-та носителка во квалификациите и во моментов е 138-ма на ВТА листата.

Таа два пати има учествувано на „главниот турнир“, во 2018 година играла и во второто коло.

Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 11 часот по локално време односно 12 по македонско време

To top