Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан Жељко Обрадовиќ е убеден дека ќе биде успешна.
-Тоа е нешто на што сум многу горд минатата сезона, секогаш имавме полна сала. Ние сме тим кој е следен не само во Евролигата, туку и во целиот свет. Имавме повеќе гледачи од кој било друг. Тоа значи дека тие се секогаш со нас и сигурен сум дека ќе продолжат да го поддржуваат тимот.
-Ќе направиме добар тим, иако сега немаме многу играчи во нашиот ростер, но сигурен сум дека претседателот Остоја Мијаиловиќ, Зоран Савиќ, нашиот спортски директор и јас со стручниот штаб ќе направиме се што е потребно Партизан ќе биде на нивото што сите го посакуваме да биде, -порача Обрадовиќ.
Клубот од Белград досега ги доведе Вања Маринковиќ, Габриел Лунберг и повремениот француски репрезентативец, Франк Ентиликина.