Клеј Томпсон и Пол Џорџ, како што стојат работите наредната сезона нема да бидат дел од Голден стејт Вориорс, односно ЛА Клиперс.
Пол Џорџ сака четиригодишен договор, додека Клиперси му нудат само тригодишен договор, поради што тој чека други понуди, додека Томпсон ги замрзнал преговорите и бара други опции.
Томпсон е слободен играч, додека Џорџ има опција да го тестира пазарот и да преговара со други клубови.
Јудонис Хаслем е еден од кошаркарите кои ја коментираа моменталната состојба на пазарот и каде евентуално би можеле да завршат Пол Џорџ и Клеј Томпсон.