Фудбал

Пикси: Вистинско чудо е што никој не се истепа во тимот

Пикси: Вистинско чудо е што никој не се истепа во тимот

Селекторот на фудбалскатата репрезентација на Стбија познатиот Пикси ќе игра со еден напаѓач против Данска и ќе го зацврсти средниот ред со Лазар Самарџиќ.

– Ќе ја избереме најпаметната варијанта за Данска и ќе има промени во тимот. Имаме јасен план за игра, а во зависност од случувањата на теренот, ќе видиме како ќе се прилагодиме на условите. Најважно е да бидеме расположени за игра. Утре е голем ден за нас, не чека голем меч и треба да гледаме позитивно на тоа што не чека. Самарџиќ низ смеа го прашав дали е подготвен за игра, а тој едвај чека да полета на теренот. 26 дена сме веќе заедно и вистинско чудо е што никој не се истепа. Некој сака да ни го расипе заедништвото, но ние не се даваме.

– Данска има извонредна фудбалска академија и секогаш се при врвот во фудбалот. Имам голем респект кон Данска и нивниот селектор. Голем предизвик ќе биде да бидеме на исто физичко ниво со нив. Се надевам дека моите играчи ќе бидат подготвени да одговорат какошто треба, – изјави Пикси.

To top