Фудбал

Романец е најбрз фудбалер на ЕП

Романец е најбрз фудбалер на ЕП

Валентин Михаила го има најбрзиот спринт на Европското првенство, објави прес-службата на Европската куќа на фудбалот.

Романскиот репрезентативец е на врвот со брзина од 35.8 километри на час, а зад него следи Дан Ндоје од Швајцарија со 35.6 километри на час.

Третиот најбрз спринт досега на шампионат го направи напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд кој го носи дресот на данската репрезентација (35.5 км/ч).

Изненадување е што дури на осмата позиција на листата се наоѓа Килијан Мбапе, меѓутоа Мбапе и досега одигра само еден натпревар. Најбрзиот спринт кој го имаше Мбапе во натпреварот со Австрија кој беше единствен на кој настапи беше 35 километри на час.

To top