Ракомет

Македонските ракометарки испуштија победа против Португалија

Македонските ракометарки испуштија победа против Португалија

Женската ракометна репрезентација до 20 години го одигра првиот меч во втората фаза на Светското првенство на кое домаќин е Скопје, а избраничките на селекторот Дарко Јанев можат да жалат што не остварија победа.

Репрезентативките испуштија победа против Португалија и на крајот мораа да се задоволат само со реми од 28:28, што на двете селекции им носи по еден бод во втората група на мундијалот.

Македонските ракометарки не останаа импресионирани од фаворитот и без голем респект влегоа во овој дуел, а навистина штета е што прокоцкаа предност од четири гола во второто полувреме.

Завршницата од мечот им припадна на Португалките и на крајот стигнаа до изедначување од 28:28, па тоа ги остава на првото место во групата 4 во втората фаза.

Сара Стефановска со девет погодоци беше најдобра ракометарка на парркетот, пет погодоци имаше Борјана Коцева, а еден помалку запиша Ива Младеновска.

To top