Фудбал

Спалети: Нема да биде лесно со Хрватска

Спалети: Нема да биде лесно со Хрватска

На прес-конференцијата пред мечот со Хрватска своите очекувања ги изнесе селекторот Лучијано Спалети.

„Вакви натпревари можат да ја сменат вашата историја. Играчите ги бирав според нивната решителност да играат и да се натпреваруваат на големи мечеви. Очигледно, немавме добар перформанс против Шпанија, се надевам ја научивме лекцијата. Потрошивме многу енергија бркајќи ја топката во тој меч, а игравме целосно поинаку од дуелот со Албанците иако имавме ист план..

Не само што Хрватска е силен тим, туку се и многу искусни. Веројатно погрешив што не направив одредени промени меѓу првите два меча, мислам дека сега ќе менувам. Потребна ни е промена на пристапот, повеќе интензитет во играта. Ќе се обидеме да не ризикуваме и да им оставиме простор да нè повредат. Нема да биде лесно против Хрватите“, изјави Спалети.

To top