Марк Кукуреља прикажа солидни партии во досегашните мечеви на Европското првенство, па повторно се кренаа шпекулации околу негово евентуално заминување од Челзи и враќање во матичниот клуб, Барселона.
Шпанскиот репрезентативец со помалку брутална изјава ги демантираше сите овие наводи и изјави дека е пресреќен во Челзи, каде минатата сезона одигра 31 натпревар.
„Јас сум играч на Челзи и во моментов сум среќен во Лондон. Сега сум фокусиран само на Европското првенство и друго не ме интересира. Не ми доаѓа на памет да се враќам во Барселона, имам договор со лондонскиот клуб и немам намера да си заминам“, рече шпанскиот дефанзивец.
Куруреља и неговата Шпанија во моментов делуваат како најголеми фаворити за титулата на Европското првенство. „Фуријата“ веќе е пласирана во осминафиналето, а тоа ќе мора само да го потврди на натпреварот против Албанија.