Македонија народот осиромашува, ковачевски ужива

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и владата се одлепени од реалноста, ако испијат уште едно шише вино ќе потпишат меморандум за космодром- отрезнувањето следи на избори

Баханалиите и лумпувањата на владината делегација во Белград, на чело со Ковачевски беше срам за Македонија. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради урнисаниот стандард, тонат економијата и стопанството, хаос во образованието и здравството, а на Ковачевски му дошло за неколку дневно забавување со вино и музика на уво. Се смее и ужива додека народот му осиромашува, велат во партиското соопштениеод ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и владата се одлепени од реалноста, ако испијат уште едно шише вино ќе потпишат меморандум за космодром- отрезнувањето следи на избори

Дека Ковачевски и владата се целосно одлепени од реалноста покажува и фактот што потпишуваат меморандуми за брзи железници, а да биде апсурдот поголем, во Македонија се обраќа само еден воз и тоа на делница од 40-тина километри. Не можат локомотива да поправат, не можат праг на пругата да сменат, не можат мост да реновираат, патници малку со воз, малку со автобус, малку пак со воз се тормозат, а се фалат дека ќе градат брза железница.

Ако нарача уште едно шише од виното за домаќините, Ковачевски ќе потпише и меморандум за космодром. Нека се вразуми Ковачевски, нека се врати на земја и нека се зафати со решавање на барем еден проблем кој што го имаат граѓаните, од многуте кои ги предизвика неговата влада. Уште некој месец власт му остана.

Отрезнувањето Ковачевски и оваа Влада ќе го имаат скоро на избори. Тогаш народот ќе им покаже што мисли за нив и за нивните политики.

Најнови вести од Македонија

To top