Кошаркарот на Пелистер кој неодамна го засили битолскиот тим, Јуре Планиниќ е прогласен за најкорисен играч во четвртото коло од АБА 2 лигата.
Планиниќ е првиот кошаркар од македонски тим кој оваа сезона бил прогласен за МВП во регионалното натпреварување.
На мечот против ТФТ, Планиниќ постигна 23 поени со само едно промашување од игра (8/9), имаше и 14 скокови, пет асистенции и седум изнудени лични грешки.
Турнирот во Златибор е прв за Планиниќ во АБА 2 лигата, тој го засили Пелистер кон крајот на минатиот месец.