Фудбал

Куман: Разочаран сум од резултатот,иако тоа е Франција

Куман: Разочаран сум од резултатот,иако тоа е Франција

Роналд Куман по мечот со Франција имаше замерки кон своите фудбалери, но потенцира дека никогаш не е лесно да се игра против „триколорите“.

„Овој резултат е разочарувачки за нас, но ако го погледнеме целиот натпревар, ремито е реален исход. Во второто полувреме имавме голема разлика меѓу линиите. требаше да играме многу подобро.

Секогаш е тешко кога играш против репрезентација како Франција. Сакавме да го наметнеме нашиот стил на игра, но губевме топки на неприфатлив начин. Исто така, моравме да бидеме многу побрзи во креирањето и претворањето на нашите шанси. Ние сме тим кој уште треба да расте“, реќе Куман.

To top