Фудбал

Родри е прва жртва на новото правило на ЕП

Родри е прва жртва на новото правило на ЕП

Стандардниот шпански репрезентативец во средниот ред, Родри нема да може да игра за својата селекција на последниот натпревар од групната фаза против Албанија на ЕВРО 2024.

Тој е суспендиран поради невнимателен потег со кој стана првата „жртва“ на правилото воведено непосредно пред Европското првенство.

УЕФА пред ЕВРО 2024 донесе неколку нови правила, а меѓу нив и она со кое ги штити судиите од притисокот на фудбалерите.

Според него, само капитенот има право да му пристапува на судијата и да комуницира со него. Го направи ли тоа било кој друг играч на теренот, ќе биде санкциониран со жолт картон.

Родри беше санкциониран пред самиот крај на првото полувреме токму поради објаснување со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.

А бидејќи веќе имаше жолт картон од претходниот натпревар на Шпанија против Хрватска, сега со два жолти картони е суспендиран од следниот натпревар.

To top