Актерот Вилијам Шатнер неодамна откри дека нема пријатели и дека ќе умре сам.
Имено, актерот кој е најпознат по улогата на капетанот Џејмс Ти Кирк во „Ѕвездени патеки“, во едно од последните интервјуа за SFX проговори за својот живот и кариера.
Иако 93-годишникот имаше успешна кариера и сè уште е во интеракција со многу фанови и луѓе на „Ѕвездени патеки“, тој вели дека нема вистински пријатели и дека најверојатно ќе умре сам.
-Дојдов до заклучок дека сите се осамени. Кога ќе остарите, мислите: “Боже, сите овие луѓе што ги познавав и мислев дека ми се пријатели се мртви”. Сам сум, сам ќе умрам. тој рече.
Сепак, актерот објасни колку луѓе ја игнорираат оваа ситуација која ја смета за застрашувачка. Вели дека многу луѓе го исполнуваат животот со вино, жени и песна.
Инаку, ова не е првпат актерот да зборува на оваа тема. Во 2023 година, тој објави документарен филм наречен „Можеш да ме наречеш Бил“, во кој детално го опиша својот приватен живот и кариера. Тој тогаш им призна на медиумите дека бил свесен дека нема да живее уште многу.