Фудбал

Мануел Нојер го израмни рекордот на Џиџи Буфон

Мануел Нојер го израмни рекордот на Џиџи Буфон

Голманот на Германија, Мануел Нојер, повторно беше стартер за својата репрезентација во натпреварот со Унгарија (2-0) на ЕВРО 2024.

Ова беше неговиот 17. натпревар на европските првенства, со што се изедначи со Џанлуиџи Буфон на листата на голмани со најмногу настапи на турнирите на Стариот континент.

Се чини дека до крајот на Европското првенство, 38-годишниот голман ќе излезе на врвот во ова рангирање, бидејќи Германија има уште еден натпревар од групите, а домашната селекција веќе официјално си обезбеди место и во осминафиналето.

To top