Кога Хрватите помислија дека ја обезбедиле првата победа, Албанија израмни во надополнувањето и ги постави конечните 2:2. Силвињо вели дека никогаш нема да ја заборави оваа драма.
– Кога ќе израмните на ваков начин, можеби заслужувате и да победите.Сепак, на крајот тоа не менува многу, ова беше фантастично искуство. Ќе го паметам овој натпревар до крајот на животот, – рекол албанскиот селектор.