Кошарка

Легендарниот шпански кошаркар на Реал Мадрид замина во пензија

Легендарниот шпански кошаркар на Реал Мадрид замина во пензија

Легендарниот шпански кошаркар Серхио Родригез на 38 години објави дека ја завршува кариерата. Популарниот Чачо објави дека става крај.

„Дојде и тој ден. По 20 години кошаркарска кариера би сакал да ја споделам со вас мојата животна одлука. Чувствувам дека сега е совршен момент да се простам. Секогаш сакав кога ќе се повлечам да го направам тоа победнички, животот ми го понуди овој поклон“, порача 191 сантиметри високиот плејмејкер.

Родригез кариерата ја започна во Естудијантес од каде што во 2006 година премина во НБА лигата и настапуваше за Портланд, Сакраменто и Њујорк Никси. Во Европа се врати во 2010 година и со Реал трипати ја освои Евролигата.

To top