Доколку барате освежување за време на топлите летни денови, сокот од нане е идеалниот пијалок за консумирање.
Состојки:
300 грама свежо нане
сок од лимон
три литри вода
два килограми шеќер
Подготовка
Свежото нане измијте го со вода, па ситно исечкајте го. Потоа измешајте го со пет лажици шеќер и сок од лимон и убаво изгмечете го со раце.
Прелијте со три литри вода и оставете да отстои 24 часа. После тоа, процедете го сокот преку газа и додадете шеќер.
Оставете го повторно да отстои 24 часа за да се раствори шеќерот. Повремено мешајте го. Флаширајте во стаклени шишиња. Пред послужување, разредете го со вода.