Косовскиот новинар Арлинд Садику нема да може повеќе да известува од Европското првенство во Германија откако организаторот реши да му ја поништи акредитацијата.
Тоа значи дека Садику нема да може да влезе како новинар на денешниот меч меѓу Албанија и Хрватска, но и на ниту еден друг натпревар до крајот на шампионатот.
Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија.
Од Фудбалскиот сојуз на Србија веднаш потоа стигна и реакција до УЕФА поради однесувањето на косовскиот новинар Садику, кој ја понижил новинарската професија, но и УЕФА.
KOSOVA ESHTE ZEMRA E SHQIPERIS
KOSOVA ESHTE ZEMRA E SHQIPERIS
KOSOVA ESHTE ZEMRA E SHQIPERIS
Bravo @arlindsadiku89 👐❤️🖤 pic.twitter.com/gruSF7C0qg
— ValiLFC🇦🇱 (@valyy_rz) June 16, 2024