Фудбал

Мартинез: Против Чешка покажавме неверојатен карактер

Мартинез: Против Чешка покажавме неверојатен карактер

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез е задоволен од победата над Чешка иако таа дојде во последните моменти од натпреварот.

„Не очекуваме лесни натпревари. Чешка беше многу прецизна, имаше еден шут кон голот и постигна гол. Ова исто беше тест на карактерот за нас. Видете ја статистиката, имавме 70 проценти посед, 13 корнери, гледате многу работа тука. Но кога губите 1-0, треба да ги контролирате нервите и мислам дека карактерот кој го покажавме беше неверојатен, понекогаш тоа ќе ни помогне многу“, вели Роберто Мартинез.

„Го добивме натпреварот. Треба да го вреднуваме и тоа што го направивме. Се браневме многу, многу добро. Кога ќе ја лимитирате Чешка да нема ниту еден корнер и да има само еден шут во голот, мислам дека можеме да бидеме задоволни“.

To top